Спуст победи во Аспен за Штухец и за Парис

Од:

Словенката Илка Штухец и Доминик Парис од Италија победија на денешните спуст трки што се одржаа во американскиот ски центар Аспен. Штухец триумфираше убедливо со 66 стотинки пред Американката Линдзи Вон, а трета заврши Софија Гоџиа од Италија.

Со денешната победа Штухел ја потврди првата позиција во спуст и го освои кристалниот глобус, пред Гоџиа. Во генералниот пласман води Америкната Михаела Шифрин со 1523 бодови, додека Штухец има 1245.

Во машкиот спуст победи Доминк Парис од Италија со време 1:33.07 минута, пред сонародникот Петер Фил, кој заостана 8 стотинки зад победникот. Место на подиумот избори и Карло Јанка од Швајцарија со време 1:33.25 минута.

По осумте одржани трки во спуст првото место му припадна на Фил со 454 бодови, а втор е Кјетил Јансруд од Норвешка со 431 бод. Во генералниот пласман по 33 трки Марсел Хиршер од Австрија е лидер со 1425 бодови.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски