Спиење под ѕвездите- најнов хит во Њујорк

Од:

Спиењето под ѕвезди е најновиот хит во Њујорк.

– Сакавме на гостите да им понудиме шанса да доживеат единствено искуство, изјави претставничката на хотелот „АКА Централ Парк“, што се наоѓа во самиот центар на Њујорк.

На седумнаестиот кат од хотелот има тераса од 84 квадратни метри што сега е претворена во спална соба со пет ѕвездички. На гостите од „собата на отворено“ на располагање им се брачен кревет, плазма ТВ, како и голем телескоп за набљудување на ѕвездите во градот што никогаш не спие.

Во цената за ноќевање од 1.995 долари се вклучени и романтична вечера под свеќи, јагоди со шампањ и музика за олабавување, што ја изведува џез гитарист.

Заради временските прилики, оваа луксузно смествување под ведро небо на гостите им е достапно само во текот на летните месеци.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска