Во полициската станица во Гевгелија ноќеска е пријавено дека на автопат А1, на делницата Гевгелија – Граничен премин „Богородица“, возило „шевролет“ управувано од З.С.(65) од Република Србија, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката К.С.Ј.(38), додека со телесни повреди се здобиле сопатничката М.С.(61) и сопатникот П.Ј.(36), сите од Република Србија, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.