Сон Хеунг-мин го продолжи договорот со Тотенхем

Од:

Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, го продолжи договорот со клубот од Лондон.

Јужнокорејскиот репрезентативец ќе остане во Тотенхем до 2023 година.

Тој во лондонскиот клуб дојде во 2015 година од Бајер Леверкузен, а досега на 99 натпревари има постигнато 30 голови.

Професионалната кариера 26-годишниот Сон ја почна во Хамбург, каде како 16-годишно момче допатувал од Сеул.