Сибир

Од:

Претставата за Сибир како точка на која се случуваат многу интересни научни истражувања, всушност е неправедно малку присутна во јавноста.

Некои извори велат дека зборот Сибир потекнува од турскиот збор за успиена земја, или убаво (сибер), а можно е и од турските зборови су – вода и бирр – дива, ненаселена земја. Друга верзија вели дека ова име доаѓа од името на стариот номадски народ Сабири, кои подоцна се стопиле со сибирските Татари, додека едно од поинтересните објаснувања, иако лингвистички непотврдено, е тоа дека зборот Сибир доаѓа од рускиот збор за север, кој е ист како во нашиот јазик.

Со површина од 13,1 милион квадратни километри, Сибир зазема околу 77 отсто од вкупната руска територија и речиси 10 отсто од вкупната Земјина површина. Прва помисла на Сибир се огромните пространства и огромниот студ. Токму затоа, интересен е освртот на еден од летните посетители на оваа северна територија, на која просечните температури, како и на секаде во светот, поради климатските промени сега се повисоки од порано: – Дали е можно дека слетав во Сибир, а нема да се разладам?

Последните години, летните температури во Сибир достигнуваат над 30ºC, иако сепак ланската зима е забележан светски рекорд по најниска температура во населено место, токму во источносибирското село Ојмјакон од минус 71ºC.

НАУЧНИ ФЕНОМЕНИ

Претставата за Сибир како точка на која се случуваат многу интересни научни истражувања, всушност е неправедно малку присутна во јавноста. Ова е област во која се случиле некои нај интересни научни експерименти, но и место на кое се одиграле тешко објасниви научни феномени.

Од бизарните настани кои ги вознемириле научните умови во светот, а се поврзуваат со Сибир и денес се спомнува познатата Тунгуска експлозија, која се случила во близина на сибирската река Тунгуска во 1908 година. Причината за експлозијата до денес не е разјаснета. Се претпоставува дека метеор експлодирал пет километри над тлото, додека некои други научници тврделе дека причина за експлозијата е комета. Рускиот теолог Владимир Елифанов ја изнел теоријата според која од тлото излегувал метан и потоа експлодирал.

Други теории од сензационалистичка и хипотетичка природа, зборуваат за антиматеријата како причинител, а во некои видувања се спомнува дури и срушен НЛО. Овој настан станал многу популарен и бил спомнуван во разни серии и филмови. Сличен настан се повтори во јули оваа година, кога е откриен огромен, 80 метри широк кратер на полуостровот Јамал во северен Сибир. Иако на почеток ги збуни руските научници, се поизвесно е дека ваквите дупки настануваат со растот на температурата во регионот, која предизвикува ослободување на гас од внатрешноста на Земјата.

АКАДЕМГОРОДОК

Сибир веќе долги години е расадник на научни идеи и нови научни кадри. Во градот Новосибирск се наоѓа Академгородок, академски град, кој е образовен и научен центар на овој регион. Академскиот град го основала Советската академија на науките во 1950 година. Во текот на советската ера, ова бил дом на околу 65.000 научници и нивните семејства и престојот во него се сметало за привилегија.

Денес во Академгородок се наоѓа Државниот универзитет Новосибирск, 35 научни институти, медицински академии, како и сместувачки капацитети за студенти и научници, со многу клубови, ресторани, кина и библиотеки. Куќата на научниците е општествено собиралиште на Академгородок, со библиотека во која се чуваат 100.000 наслови на разни светски јазици, како и изложбена галерија, сала за предавање и концертна сала.

Академгородок е познат и како сибирска силиконска шума, со технопарк во кој се развиваат најсовремени научни проекти од областа на информатиката, био и нано технологијата.

ОД МОСКВА ДО ВЛАДИВОСТОК

Додека се проучува долговечноста на луѓето од Кавказ, богатството и специфичноста на растенијата кои растат во Сибир и влијаат на долгиот живот на луѓето од овој крај, Сибир и понатаму останува место од кого стигнуваат многу сензационални наслови како тие дека токму таму под мразот се чува НЛО, или дека во Сибир ќе се основа Институт за проучување на Јети.

Било кој од овие наслови да привлече внимание, извесно е: областа по која поминува ТрансСибирската железница, долга 9288 км, која сообраќа меѓу Москва и Владивосток и се протега преку осум временски зони, предизвикува внимание со својата недопрена природа, радикални температури и приказни кои балансираат меѓу традиционалното и научната фантастика.

Елементариум

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он