Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Од:

Спасени се пет лица кои од саботата попладне беа заробени во словенечката Крижна јама. Извлекувањето го извршиле припадници на Службата за спасување на пештерите и единицата за техничко нуркање како дел од Единицата за брза интервенција, јавува 24ur.com.

Евакуацијата започна околу 14 часот, како што соопшти претходно Сречко Шестан, командант на словенечката цивилна заштита. Тричлено семејство и двајца водичи останаа заробени од саботата поради високиот водостој на околу 2,4 километри од влезот во пештерата. Според Шестан, водата што го предизвикала високиот водостој дошла од правец на Хрватска, што го изненадило инаку искусниот водич.

„Кога се враќале од пештерата, виделе дека е делумно поплавена, поради што се повлекле на безбедно“, вели Шестан.

Акцијата за спасување започна во саботата попладне, а неколку екипи нуркачи стигнаа до затрупаните лица во последните два дена и им обезбедија се што им беше потребно.

Тричлено семејство со возрасно дете и двајца водичи во саботата во осум часот започна комерцијална обиколка на јамата Крижна како дел од здружението на љубители на јама Крижна. Со оглед на тоа што не излегле од пештерата до 15 часот, дежурниот од здружението се симнал во неа и видел дека водата се крева, па во 17 часот започнал спасувачка акција.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

Спасени лицата кои со моторно возило заглавиле на врвот на Галичица