Секс факти поврзани со мажите

Од:

Њујоршката компанија за маркетинг истражувања, „Beta Research Corporation“, за да дознае зошто, каде и како американците имаат секс, спровела истражување на интернет на 522 случајно избрани мажи кои биле на возраст од 21 до 59 години.

Оваа избрана група претставува репрезентативен примерок на целата американска машка популација, која дава слика за очекувањата, фрустрациите, нагонот, перверзноста и фантазиите на мажите. Еве ги резултатите до кои е дојдено:

1. Женетите мажи се за 25% позадоволни од нивниот сексуален живот, во однос на мажите кои се сингл.

2. 14% од мажите кои се во брак, барем еднаш во животот имале сексуален однос со друг маж.

3. 34% од мажите кои се во сериозна љубовна врска, барем еднаш ја имаат изневерено својата партнерка.

4. 10% од мажите не го сметаат оралниот секс, за секс.

5. Само 34% од мажите редовно користат презерватив во текот на сексуалниот чин.

6. 43% од мажите имаат проблеми со добивање или одржување ерекција.

7. Само 24% од мажите преферираат нивната партнерка да има големи гради.

8. 22% од мажите изјавиле дека имале 20 или повеќе сексуални партнерки во текот на животот.

9. Кога биле прашани која е нивната најголема грижа кога првпат имаат секс со некоја жена, четири пати повеќе мажи одговориле дека се плашат од својот сексуален перформанс, отколку дека ќе се заразат со ХИВ.

10. Омилени секс-пози на мажите се: жената одозгора во секс-поза „кралица“, мажот одозгора во „мисионерска“ и мажот зад жената во „кучешка“ поза.

11. Само 13% од мажите преферираат порнографија со лезбејки.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он