Сејдиу не ја отфрла можноста да застане на чело на Демократскиот сојуз на Косово

Од:

Поранешниот косовски претседател и поранешен лидер на Демократскиот сојуз на Косово, Фатмир Сејдиу, не ја отфрла можноста повторно да застане на застане на чело на партијата, јави дописникот на МИА од Тирана.

Сејдиу изјавил дека се залага за нормални политички процеси и за заминување на оние кои политиката ја користат за да остварат привилегии и нелегитимно влијание.

– Јас сум дел од Демократскиот сојуз на Косово и никогаш не сум ни помислил да се оддалечам од партијата. Мојата главна цел е ДСК да ја добие улогата која ја заслужува. Не се согласувам партијата да биде во ситуација да се активира во даден момент. Значи да биде воденица на бунар, како што вели народот, а по пресушување да нема повеќе одење понатаму. Мојот пристап е приближување на целиот неопходен потенцијал кој го има ДСК. Моето делување е понудено, не е пристап кој доаѓа од улица, изјавил Сејдиу за весникот „Епока е ре“.

Во истото интерву тој нагасува дека „ДСК е негов дом“, дека „ДСК не ја одигрува улогата на опозиција“ и оти Иса Мустафа, актуелниот лидер на партијата, прави маркетинг со симболите на првиот косовски претседател Ибрахим Ругова. Имено, Мустафа бара за Косово да важат симболите кои биле определни за време на Ругова.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он