Самовработување за уште 400 невработени со грантови од 4.000 евра

Од:

Од денеска во наредните петнаесеттина денови сите невработени лица ќе имаат можност да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен бизнис во износ од 4.000 евра.

Како што информираше на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски, ова е втора фаза од оперативниот план за 2017 година за програмата за самовработување. Со неа во првата фаза беа опфатени 600 лица, а во втората фаза 400. За цела година планирано е да бидат опфатени 1.050 невработени лица од евиденцијата на АВРМ, активни баратели на работа, во 1.000 новоотворени микро компании.

Додаде дека ќе може да се аплицира и за дополнително работно место во компанијата за што, како што информира, ќе добиваат плус 92 илјади денари, а за тоа ќе се одлучува во октомври годинава.

Програмата за самовработување вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјали и менторство за време на почнување на бизнисот.

Оваа програма има за цел да го поттикне претприемништвото и да поддржи креирање почетни бизниси кои ќе обезбедат одржливи вработувања, не само за самите основачи, туку и за други лица кои ќе се вработат во овие почетни одржливи бизниси.

Поповски информира дека заинтересираните ќе можат да аплицираат за обука за пополнување на прашалниците и потоа да ги пополнат. Врз основа на тоа ќе добијат ваучер и еден експерт за изработка на бизнис план. Потоа бизнис планот ќе биде оценуван од експерти и доколку биде проценето дека е одржлив ќе добијат грант за отворање мал бизнис.

Од 2007 година од кога се спроведува мерката досега, како што рече, се отворени 8.730 компании, 8.970 лица се вработени, а како што потенцира, околу 70 проценти од нив се уште се во работен однос.

Би можело да ве интересира

Тренинг за менторки во рамки на проектот за (само)вработување на самохрани мајки

Наум Локоски

Слаба реализацијата на проектите за самовработување

Наум Локоски

За „самовработување со грант“ досега 1.175 апликации

Ана Ололовска

Неповратни грантови од 4.000 евра за самовработување

Ана Ололовска

Нов оглас за активни мерки за самовработување и отворање нови работни места

Ана Ололовска

По 3.000 евра за отворање бизнис со самовработување

Ана Ололовска