Руанда ги зајакнува превентивните мерки против еболата

Од:

Министерството за здравство на Руанда побара од лицата кои во изминатите 22 дена претстојувале во Шпанија и во САД, при влез во земјата да бидат прегледани од лекар, поради епидемијата од ебола, соопшти денеска Амбасадата на САД во Кигали.

– Бидејќи во САД и во Шпанија се регистрирани случаи на ебола, патниците од тие земји при влезот во Руанда ќе им биде измерена телесна температура. На патниците со зголемена телесна температура ќе им биде забранет влез во Руанда, а другите ќе мора секој ден да одат на прегледи, се посочува во соопштението.

Амбасадата на САД во Кигали посочи дека во Руанда не е дозволен влез на лица кои доаѓаат од Гвинеја, од Либерија, од Сенегал и од Сиера Леоне.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски