Розберг: Чувајте се од Хамилтон

Од:

Поранешниот шампион во Формула 1, Нико Розберг, на останатите возачи им препорача да внимаваат и да бидат претпазливи во односот кон бранителот на титулата Луис Хамилтон и покрај тоа што имаше лош старт на сезоната.

Хамилтон минатиот викенд заврши на четвртото место на трката за Големата награда на Кина, a според Розберг тоа е знак дека неговиот поранешен клупски колега има проблеми со формата, но додаде дека тоа е една од неговите типични фази после кои шампионот се „буди“.

– Кога не му оди се совршено, го губи ритамот и мотивацијата. Но и во тие ситуации останатите возачи мораат да го дадат својот максимум, бидејќи Луис секогаш се враќа, а кога тоа ќе се случи, тој е практично непобедлив, истакна поранешниот шампион.

Во моментов прв во генералниот пласман е возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој победи на првите две трки сезонава и има 54 бодови, додека на второто место е Хамилтон со 45 бодови.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона