Ролс-Ројс до 2020 година планира да направи брод кој ќе плови без екипаж

Од:

Компанијата Ролс-Ројс планира да направи прв брод без екипаж до 2020 година. Експертите тврдат дека ваков брод би ги намалил трошоците за транспорт за 20 отсто.

Потпретседателот на оваа компанија Оскар Левандер рече дека прво ќе направи траекти, а потоа товарни бродови кои ќе пловат по меѓународните води.

„Со изградба ќе почнеме во неколку земји кои пред почетокот на работата ќе дадат дозвола за пловење на вакви бродови” – рече Лавандер.

Големите бродски компании се надеваат дека оваа технологија ќе ги зголеми нивните профити. Сепак, синдикатите изразија загриженост од можни судари на море.

„Оваа промена ќе биде предизвик за безбедноста, а има уште многу неодговорени прашања за правните последици на начин на кој оперативните и менаџерските одговорности од персонал ќе се префрлат на брод. Се плашиме дека во овој случај на технологијата се гледа како на едноставен начин да се намали бројот на работните места и трошоците” – рече портпаролот на меѓународниот синдикат на морнарицата Наутилус.

Некои аналитичари веруваат дека бродот без екипаж не може да се заштити од пирати. Креаторите од Ролс-Ројс тврдат дека ваквиот брод ќе биде побезбеден од постоечките и дека ова ќе доведе до зголемување на бројот на работните места на копно.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска