РЕВИЗИЈА НА БУЏЕТ: Како и за што се трошеле парите?

Од:

Се поголема буџетска зависност на Фонот за пензиско осигурување, повисоките пензии ги зголемија и буџетските трансфери по овој основ. Раст на трошењата за плати, но лани во споредба со 2013-та се намалиле капиталните раходи кои се сметаат за равојна ставка во Буџетот, анализира Порталб.

Дел од буџетските корисници пак, и покрај обврската, не доставувале планови за јавни набавки, за вработените, за трошењата.

Ова се дел од наодите на Државниот ревизор по извршената ревизија на Основниот Буџет за 2014-та година.

Како се составувал буџетот…

Парите потребни за финансирање на старатешките приоритети потребно е да се предвидат со Фискалната стратегија, која треба да биде усвоена и донесена од Владата најдоцна до 31-ви мај, во тековната година, но според ревизорот овие законски рокови не се почитувани.

„Министерството за финансии, Предлог фискалната стартегија за периодот 2014-2016 година до Владата ја има доставено на ден 19.09.2013-та, со задоцнување од четири месеци“, посочува ревизијата, која потоа вели дека износите на одобрените средства биле утврдени со „Буџетскитот циркулар“.

Серија на забелешки упатува ревизијата на адреса на дел од буџетските корисници кои се обврзани во одредени рокови да достават стартешки план, план за јавни набавки, план за пополнети работни места и потребниот Буџетски циркулар кој содржи податоци за одредените и планираните средства за трошење.

„Дел од буџетските корисници немаат доставено тригодишни стратешки планови кои се основа за подготвување на Буџетот. Планот за систематизирани и пополнети места како и планот за јавни набавки, не се дставени од страна на дел од буџетските корисници“, наведува за Порталб, ревизорот.

Зглемени исплати за субвенции, инвеститори, избори…

Ревизорските наоди за тоа како се полнел и како се празнел Буџетот биле резултат на директен увид на ревизорите во главната Трезорска сметка. Така, анализата покажува дека вкупните раходи во 2014-та година биле пониски за 1,87% во однос на планираните.

Еве како се делел буџетскиот колач лани: најголем дел од парите или 22,8% завршиле како трансфери до фонодвите, 18,9% биле потрошени за плати и надоместоци, 13,4% од парите биле наменети за тековни трансфери до единиците на локалната самоуправа. Пвеќе од 9 отосто од буџетот е потрошен за отплата на субвенции и трансфери и близу 10 отсто за капитални расходи. За исплата на главница на долгови и камати се одлеале околу 13 проценти.

Ревизироскиот извештај посочува дека државните фонодови за здравствено осигурување , за пензиско осигурување и Агенцијата за вработување, се повеќе ја зголемуваат зависноста од Буџетот. Дури 84,4% од парите неменети за фонодвите, завршуваат само на адреса на Фодот за пензиско осигурување.

Во однос на 2013-та, лани вкупните буџетски трансфери до вонбуџетските фондови биле зголемени за 9,09%, што главно било последица на заголемените пензии за 5%. Раст на годишно ниво има и кај ставката за плати и андоместоци која била зголемена за 2,27%. Лани се зголемиле и буџетските средства кои биле преферлени на име на локалната самоуправа за 2,28%, што спорде ревизорот било резултат на зголемените приходи од ДДВ.

Голем пораст од 15,2% има и кај расходите за субвениции и трансфери.

„Ова зголемување се должи на исплатените средства по основ на субвенционирање во повеќе области и тоа за поддршка на земјоделството, подршка на компании во слободните економски зони, реализација на прокетот “Купи куќа – купи стан“, како и средства за парламентраните и претседателските избори“, се посочува во Извештајот, објавува Порталб.

Додека кај овие раходи се бележи раст, ревизорот констатира дека намалување од 1,72% има кај капиталните расходи во однос на 2013-та година.

Од дадените осум ревизирски препораки во 2013-та година, државниот ревизор информира дека  Министерството за финансии спровело четири, една препорака не била спроведена додека три биле во фаза на имплементирање. По извештајот на ревизорт за Буџетот 2014, Министерството за финансии испратило забелешки, д кои дел биле прифатени, дел биле делумно прифатени а дел отфрлени.

„Транспарентност Македонија“ бара транспарентност во јавните финанасии…

Ревизорскит извештај предизвика реакција од „Транспарентност Македонија“. Од невалдината организација бараат одговори на неколку прашања:

„Владата и Министерството за финансии повторно покажаа дека воопшто не се заинтересирани да се зборува за фактичката состојба со јавните расходи во 2014 година. Тоа, само по себе, го покажува големиот демократски дефцит на оваа власт. Во оваа смисла, она што особено треба да се истакне е извештајот на ДЗР за усогласеност на основниот буџет за 2014 година. Мислењето е следно: „Во однос на правната рамка, стратешките документи, постапката за подготовка и донесувањето, управувањето и извршувањето на буџетот, изразуваме мислење со резерва, како и за планирање, евиденција и за реализација на расходите, одливите и приходите и другите приливи во буџетот и за функционирањето на контролните постапки на ИТ-системите“ – се вели во најновиот Билтен на невладината организација, објавува Порталб. 

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6