Ресен без вода: Живееме како во 19. век!

Од:

Ресен повторно е без вода. Жителите се револтирани и го прашуваат градоначалникот шро стана со неговото ветување за нов водовод, кое е неопходен. Велат не сакаат да живеат како во 19.от век, без вода. А и таа што ја пијат, се плашат дека е канцерогена.

Ресен има еден од најстарите водоводи во Република Македонија, изграден е во 1956 година, во голем дел од азбестни цевки.

На локалните избори во 2009, ВМРО-ДПМНЕ вети реконструкција и замена на азбестните цевки, и за работа што тие ја ветиле пратеничката Дивна три пати поднесува амандмани на буџетот за 2012 и во ребалансот, но и за последниот буџет.

„Сите ги орфрлаа. Старата мрежа е проблематична и со малку снег, пукаат цевките. Не можат да го лоцираат дефектот, не знаат каде поминуваат цевките.Наспроти тоа, ризикот со ваков водовод е голем, зошто и според Институтот за јавно здравје, Ресен има најголема смртност по број на жители од канцерогени заболувања. Во секој отчет градоначалникот кога зборува за ветеното и реализираното, вели… продолжуваме… а не и ни почнато. За се, иста приказна. Иста е приказната за откупно-дистрибутивниот центар. Ветено-ненаправено.Во отчетот пишува како за проектна активност-одржување на градскиот водовод. Тоа е надлежност на локалната самоуправа ане проект. Но толку знае, нашиот препариран градоначалник Михаил Волкановски“, изјави за А1он, пратеничката Дивна Јовковска Ефтимова.

Таа бара, Волкановски итно да им одговори на граѓаните на Ресен и Преспа што се случува со водоводот, зошто граѓаните преку два дена немаат вода,зошто често нема и струја и дали ги памети ветувањата што ги дал пред четири години.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Горан Наумовски

Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на скопјанка

А1он

Приведен крадец од Ресен, одреден му е притвор

А1он

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он