Репрезентација до 17 години на два контролни натпреварa против Романија

Од:

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години, на гостински терен ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекцијата на Романија.

Избраниците на селекторот Добринко Илиевски, двата дуели против врсниците од Романија ќе ги играат Букурешт. Првата средба ќе ја одиграат на 9 август (вторник), со почеток од 17 часот, а во истиот термин, но три дена покасно (12 август – петок) ќе се игра вториот натпревар.

За претстојниот предизвик на младата репрезентација на Македонија повикани се следните фудбалери:

Голмани: Дамјан Серафимов (Металург), Малик Зибери (Вардар).

Одбрана: Борјан Пановски (Работнички), Филип Антовски (Вардар), Никола Спасов (Академија Пандев), Кристијан Додевски (Металург), Бесник Ферати (Шкупи), Бесир Рамадани (Шкупи).

Среден ред: Марио Наумоски (Металург), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Лука Трајковски (Победа), Стефан Колевски (Работнички), Филип Стојановски (Вардар).

Напад: Бојан Колевски (Металург), Емир Скендери (Академија Пандев), Саит Батиќи (Вардар), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Дарко Божиновски (Пелистер).

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ