РЕК Битола: Димче Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за изнесените лаги

Од:

„РЕК Битола ги демантира сите наводи изнесени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. Постапката за која зборуваше опозицискиот портпарол е водена согласно сите законски процедури. Станува збор за отворена постапка која завршила со е – аукција – факт што автоматски ја исклучува можноста за преговори со заинтересираните економски оператори, односно во жаргонот на ВМРО – ДПМНЕ, за договор во четири очи.

Условите и критериумите за набавка на услуга или стока, не ги пропишува Васко Ковачевски како директорот на Подружницата, туку Техничка комисија и Комисија за јавни набавки, составени од стручни лица вработени од РЕК Битола, а согласно потребите на комбинатот и согласно законските начела.

РЕК Битола ги повикува сите надлежни институции да ги испитаат злонамерните инсинуации на ВМРО – ДПМНЕ. Тоа ќе биде најдобар одговор на т.н. сомнежи за криминал и потврда за одговорното работење во РЕК Битола. На крај, РЕК Битола бара Димче Арсовски и ВМРО – ДПМНЕ да се извинат за лагите изнесени од страна на портпаролот Димче Арсовски. Во спротивно, ќе ги преземе сите мерки за заштита на честа и угледот на вработените и Комбинатот РЕК Битола во целина“, се вели во демантот на РЕК Битола.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024