Работилница: Чиста околина за подобар селски туризам за конкурентност на Малешевијата

Од:

Чиста животна средина и подобрување на селскиот туризам, се неопходни за регионална конкурентност на Малешевијата, беше речено на денешната работилница во Штип.

Работилницата беше за претставниците на невладиниот сектор и на општините Штип и Радовиш во рамки на проектот „Локална регионална конкурентност“, со цел презентација на специфичниот план за развој на туризмот.

Според Маја Блажев, специјалист за развој на туризмот, ангажирана во проектот, идејата е да се зајакне придонесот на туризмот во подобрување на локалниот економски развој во Македонија и да се зајакнат капацитетите во јавниот и приватниот сектор.

– Придонесот како го гледаат туристите во овој источен дел е во чистата околина и развојот и подобрување на селскиот туризам, бидејќи она што туристите го нотирале како потребно и она како што источниот регион има да го понуди, вели Блажев.

Проектот „Локална и регионална конкурентност“ е финансиран од Европската унија, се администрира од Светска банка, а директно се имплементира од Владата на Македонија.