Пустец остана со ист градоначалник

Од:

Старо-нов градоначалник на општина Пустец во Албанија е Едмонд Темелко, кому ова е му е трет мандат на оваа функција.

Темелко беше кандидат на единствената партија на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). За него гласале 2.076, додека за неговиот противкандидат Михалаќ Апостоловски од Демократската партија, 488 гласачи. Темелко беше единствен кандидат од МАЕИ за градоначалник.

Потврдувајќи ја веста, генералниот секретар на МАЕИ Васил Стерјовски се заблагодари на жителите на Пустец што дадоа максимална поддршка, пред се, за македонската партија со што и во наредните четири години општината ќе ја раководи МАЕИ.

Едмонд Темелко е роден во Пустец во 1972 година, по занимање е дипломиран ветеринар. Првпат за градоначалник е избран во 2007, по вторпат 2011. За лидер на партијата е избран во 2009, а беше реизбран на Конгресот во 2013 година.
Од партијата се надеваат дека и во Советот на општина Пустец ќе имаат мнозинство. Советнички места очекуваат во повеќе општини. Со свои листи за советници партијата учествуваше во 16 од вкупно 61 општина.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

Стерјовски: Бугарија донира за Пустец во замена на нашата македонска националност

Левица: Квислиншката власт ја премолчува бугаризацијата на Македонците во Албанија

Македонците од Албанија за пописот: Од кога сме родени знаеме што сме, Бугари ниту имало ниту ќе има

А1он