Пуч одложен поради отсуство на еден од поротниците

Од:

Судењето за случајот Пуч, во кој е обвинет и лидерот на СДСМ, Зоран Заев е одложен поради отсуство на еден од поротниците, а следното рочиште ќе се одржи на 1 ноември.

Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тоа не е причина, бидејќи секогаш кога еден од поротниците е спречен да се појави, судот е должен по закон да го замени со друг поротник.

Во судницата се појавија и обвинетите Зоран Верушевски, и неговата сопруга Соња Верушевска, а дојде и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Последното судење за Пуч се одржа на 2. март, но поради одлуката на Ѓорге Иванов да ги аболицира сите политичари, ново рочиште се одржа дури денеска.

Според обвинителката Катица Јанева, судењето е од битен карактер и мора да се одржи што побрзо. Како што рече таа, луѓето кои се опфатени имаат мерки за претпазливост со кои трпат ограничување на својата слобода.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска