Прстен против „швалери“

Од:

Верноста во бракот секогаш била една од главните теми на кои сопружниците се расправаат или причина да се разделат.

Можеби со новата превентивна мерка против искушението, многумина би останале со празни реце пред да посакаат да направат еден ваков сомнителен чин.

Некои од оние кои го кажале своето судбоносно „да“ знаат да го извадат прстенот доколку се најдат во друштво на некоја згодна „прилика“ и да глумат дека се слободни.

Но, сега е направен нов прстен што спречува мамење.

Направен е од титаниум и во неговата внатрешност е врежан натписот „Јас сум мажена“ или „Јас сум оженет“. Дури и да се отстрани, на прстот сепак остануваат отпечатени овие букви и не е лесно да се сокријат.

Прстенот чини 550 американски долари, не е воопшто ефтин, но што значат парите кога е во прашање љубовта и верноста.

Колин Харт, портпарол на „TheCheeky.com”, интернет страницата на која може да купи накитот – „анти-љубовник”, вели дека инспирација за овој прстен им биле популарните швалери Тајгет Вудс и Арнолд Шварценегер. Можеби нивните сопруги доколку би знаеле за ова ќе ги спречеле од можните неверства.

Сепак, и покрај овој револуцинерен пронајдок против љубовните афери, останаува прашањето кој воопшто би сакал да стапи во брак со некој, ако мисли дека му е неопходна ваква заштита.

 

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он