Постигнат „добар напредок“ по британските барања за реформи во ЕУ

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон синоќа изјави дека во текот на разговорите на првиот ден од Самитот на ЕУ во Брисел, е постигнат „добар напредок“ по британските предлози за реформи во Унијата, но призна дека новите преговори за идниот статус на Велика Британија во блокот ќе бидат „многу тешки“.

Камерон соопшти дека на своите колеги од Унијата им го презентирал британскиот предлог за реформирање на односите меѓу Велика Британија и ЕУ во текот на синоќешната заедничка вечера.

Британскиот премиер оцени дека ќе претстои „тешка работа“ за да може да се реализираат сите четири предлог-барања.

Главен проблем е предлогот на Лондон за одземање на правото за користење на британските социјални бенифиции за мигрантите од земјите на ЕУ кои живеат на британската територија, во првите четири години од нивниот престој во Велика Британија.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, од своја страна, изјави дека европските лидери ги сослушале британските предлози за, како што рече, „ограничување на слободата на движењето на работната сила низ ЕУ и за социјалните бенифиции“.

Туск истакна дека ваквите предлози „предизвикуваат загриженост“ меѓу лидерите на другите земји-членки на ЕУ, но дека сите изразиле подготвеност да учествуваат во барањето компромис.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ