Поскапувањето го натера секој трет Германец да престане да вози, некои почнаа и да крадат гориво

Од:

Нешто повеќе од една третина од германските возачи планираат да го остават својот автомобил дома поради огромниот скок на цените на горивото на бензинските пумпи, пренесува агенцијата ДПА.

Имено, тоа го покажаа резултатите од истражувањето објавено денеска.

Анализата на YouGov откри дека 22,9 отсто од возачите веќе го прават тоа, додека други 12 отсто имаат намера да возат помалку во иднина.

Според агенцијата, тука главен фактор се парите: 49 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат „да ја тргнат ногата од гасот“ за да „заштедат пари“.

За 16 отсто од нив заштитата на животната средина е причина за ваквата одлука, додека 14,9 отсто од Германците сакаат повеќе да се посветат на вежбањето.

Според резултатите од истражувањето, три четвртини од испитаниците велат дека донекаде зависат од својот автомобил, делумно поради немањето опции во јавниот превоз. Околу половина од возачите користат автомобил најмалку пет пати неделно.

Војната во Украина донесе скок на цените на горивата на невидени нивоа во Германија, потсетува агенцијата, бидејќи бензинот во моментов чини во просек 2,09 евра за литар, а дизел горивото е 2,16 евра.

Возачите со помалку скрупули дури би можеле да се свртат кон друга тактика за да ги намалат трошоците за гориво – кражба.

„Може да се претпостави дека кражбите ќе се зголемат“, изјави портпаролот на Федералната асоцијација БГЛ за ДПА.

„Но, не не информираат за секој случај, бидејќи ретко се пријавуваат вакви кражби“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис