Подем на десничарските партии – ја губат ли социјал-демократите власта во Шведска?

Од:

Шведска, земјата која што е позната како држава на благосостојба, од денес би можела да го промени курсот по парламентарните избори. Крајната десница може да стане повлијателна од било кога. Иако анкетите покажуваат дека шведските партии од левиот-центар имаат мала предност пред десничарските партии, сепак популистичката антиимигрантска партија Шведски демократи се очекува да добијат доволен број гласови за да бидат клучен фактор при формирањето влада.

Медиумите наведуваат дека оваа политичка партија го искористи незадоволството на гласачите за прашањата како што се имиграцијата, криминалот и здравствената заштита.

Ова се први избори од влегувањето на рекорден број мигранти во земјата, односно од 2015 година кога во Шведска пристигнаа 163 илјади мигранти, најмногу по глава на жител во Европа. Работите во Шведска се променија од таа година, кога владата на Стефан Левен не можеше да се справи со масовниот прилив на луѓе.

Иако сега границите во најголема мера се затворени, се очекува спротивставувањето на ранливата политика на отворени врати да придонесе за раст на Шведските демократи, антиимигрантска партија, која претходно имаше неонацистички позиции.

Миграционата политика беше една од главните точки на предизборната кампања, а секоја партија мораше да искаже јасен став по тоа прашање, поради што темата стана многу поларизирачка.

Шведска долго време се претставуваше како „морална супер-сила“ и имаше традиција на примање имигранти. Но, сепак тоа се менува под притисок на глобализацијата и имиграцијата. Како и во Германија и Франција, партиите со поекстремни ставови и леви и десни, добиваат се поголема поддршка поради прашањата за мигрантите.

– Шведска се приклучува на остатокот на Европа и митот за шведскиот модел доживува крах, тврди Карл Билт, поранешен шведски премиер.

Мартин Вестмонт, од популистичката демократска партија предвидува дека социјал-демократите, партија која ја промовираше Шведска како држава на благосостојба, сега ќе доживее крах.

Популизмот го помести политичкиот дискурс на десно и ја „подигна температурата“, дури и кај традиционално прилагодливите Швеѓани. Политичката поддршка е фрагментирана, а иако социјал-демократите имаат предност на анкетите, сепак нивниот рејтинг е најнизог во историјата.

Тие губат гласачи кај Левата партија и Зелените, но и помеѓу работничката каласа, која се врти кон демократската партија.

Според последните анкети пред денешните избори, социјал демократите со Левата партија и Зелените имаат 40,6 отсто од поддршката, додека сојузот на десниот центар има 39,8. Шведските демократи, кои настапуваат самостојно имаат 17,1 отсто поддршка.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност