Плата од 55.000 денари за инженер, 30.000 за возач: „Бехтел и Енка“ ќе гради, а државата му распишува огласи

Од:

Наместо изведувачот „Бехтел и Енка“, Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за привремено вработување на работници за изградба на четирите делници од коридорите 8 и 10, а огласите ќе траат се до завршувањњто на проектот до 22 јануари 2028 година.

ЈПДП го распиша огласот според постоечкиот правилник за систематизација кој вели дека вработените ќе работат само 40 часа неделно што е право загарантирно и со Уставот, додека пратениците од власта предложија законски измени за 60-часовна недела за да му се помогне, како што сметаат, на изведувачот да заврши во пократок временски рок.

Правилникот на ЈПДП вели дека кандидатите за работни позиции мора да се македонски државјани, па нејасно е како ќе се остварат најавите на премиерот Димитар Ковачевски за увоз на работници од странство ако не се донесат законските измени за 60-часовна работна недела.

Основна плата од 70.052 денари ќе заработува градежен инженер со осум часа дневно во прва смена ако конкурира и биде избран на огласот за помошник на главниот координатор на проектот. Тој мора да има најмалку шестгодишно искуство во струката.

За местото координатор на единицата за подготовка на проектот се бара кандидат кој треба да има диплома од факултетите за општествени науки и за ова место е предвидена нето плата од 60.005 денари.

Координаторот пак на единицата за техничка изведба на проектот кој треба да биде градежен инженер ќе работи на коридорите за плата од 65.029 денари.

Плати од 29.866 денари ќе заработуваат и двајца возачи кои треба да имаат најмалку средно образование, а за иста плата се бараат и двајца администратори.

За специјалисти што треба да прават експропријација на имот за потребите на „Бехтел и Енка“ услов е да имаат завршено високо образование од општествените науки. За 40 часа неделно им се нуди плата од 45.045 денари. Оваа плата ќе ја добиваат и по еден преведувач и известувач од проектот.

Градежните инженери со искуство од три години може да се пријават на петте работни позиции Специјалист за инвестиции и градба на патишта за плата од 55.037 денари. Оваа плата е наменета и за позициите урбанист, геодет, електроинженер и сообраќаен инженер.

Огласот трае до 25 април, а изборот може да трае од 45 до 120 дена во зависност од бројот на кандидатите. Според конкурсот на ЈПДП, за кандидатите ќе одлучува посебна комисија.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

„Бехтел и Енка“ имал договор за амбуланта, но „Санте Плус“ немала дозвола за работа

Орце Костов

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

Орце Костов

Заглави експропријацијата за автопатите на „Бехтел и Енка“: Речиси половина од земјиштето не е откупено

Орце Костов

Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“