Патувањата се клучот на среќата: Ве прават посреќни, отколку денот на свадбата

Од:

Без оглед на тоа каков одмор посакуваме, дали во луксузни хотели или на село, планирањето на патувањето и самиот одмор ги прави луѓето среќни, па повеќе би сакале некаде да отпатуваат, отколку на пример да одат на состанок, покажа истражувањето на страницата Booking.com, извршено на 17 илјади испитаници.

За голем број испитаници патувањата се клучот за вистинска среќа, покажа истражувањето спроведено во 17 земји. Речиси половина од испитаниците изјавиле дека патувањето на одмор им носи поголема среќа од деновите на нивната свадба, додека повеќе од три четвртини (околу 77 отсто) велат дека таквите патувања ги резервираат за да си го подигнат расположението.

На одморите 50 отсто од анкетираните повеќе се радуваат, отколку на новата работа, 45 отсто повеќе отколку на веридбата, а 30 отсто повеќе отколку на раѓањето дете. Педесет и шест отсто повеќе сакат одмор од материјални добра, како облека, накит и техника, а 50 отсто патувањата ги ставаат пред реновирањето на домот.

Седум од десет испитаници велат дека најдобар период за одмор е таму каде се чувствуваат како дома, а повеќе од две третини најмногу ги прави среќни претстојот во хотел, хостел или вила, додека третина од нив најдобро се чувствуваат во апартман или куќа со локалното население.

– Емоционалниот занес кој го носи патувањето се чувствува, во секоја фаза на процесот, од планирање, преку резервирањето, па се до самото одење на патувањето, а дури 72 отсто од анкетираните истакнуваат дека се возбудени  уште од самото истражување каде да се оди на одмор, наведуваат од Booking.com.

Речиси девет од десет испитаници тврдат дека најсреќни моменти им се првиот ден на одморот и моментот кога првпат ќе го видат местото каде порано биле сместени.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска