(ВИДЕО) ОТПОР: Груевски досега потроши една милијарда евра за увоз на струја

Од:

[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]
Граѓаните предводени од опозицијата денеска својот револт го изразија пред зградата, која велат ги аминува наредбите на Никола Груевски за тоа колку ќе поскапат струјата, парното, гасот.

Рекоа дека секоја директива на Груевски беспоговорно се спроведува, а само пајташите на фамилијата можат да ги остварат своите бизнис интереси.

Од отпорот укажаа дека на чело на Регулаторна се наоѓа Димитар Петров кој на позицијата дојде од ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, што спред законот за енергетика е недозволиво. Од 2006 година до денес, цената на струјата се зголеми за неверојатни 74 проценти по киловат час.

За овој период нема ниту една инвестиција во нов енергетески објект, единствен објект е хидроцентралата Света Петка, започната во времето на СДСМ.

„Каде завршуваат парите од покачувањето на струјата, како е можно со помала цена на струјата во 2005 година да се произведувало помалку струја“, прашаа од Отпорот.

ЕЛЕМ и МЕПСО рекоа намерно ја претворија Република Македонија во зависник од увоз на струја, за само шест години за увоз на струја владата на Груевски плати една милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Регулаторна ја одзеде лиценцата на БЕГ

Предраг Петровиќ

Бислимоски теши, ама ни сам не знае дали резервите на нафтените компании се полни

Именувани претседател и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика

Ана Ололовска

Принцот Вилијам во прва официјална посета на Блиски Исток

Ана Ололовска