ОМО Илинден Пирин: Бугарската полиција истрагата за искршениот клуб нека ја почне од Виктор Стојанов

Од:

Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од тамошната полиција бара да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.

-Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот.. Се надеваме дека тоа беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањата во клубот. А има од каде да почне – нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда, стои во постот објавен на Фејсубк страницата на ОМО Илинден Пирин.

Во постот се означени премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот Стево Пендаровски, првиот човек на Левица Димитар Апасиев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ и претседателката на Европската комисија Урсула ван дер Лајен и комесарот Оливер Вархеи.

Во објавите од вчера од ОМО Илинден Пирин информираат Македонците од Бугарија го одбележуваат раѓањето на Гоце Делчев и оти положиле цвеќе на споменикот во Благоевград, но исто така посочуваат и дека не им било дозволено да ги користат македонски знамиња. Прославата во чест на Гоце продолжила во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

Би можело да ве интересира

Советот на Европа и понатаму го следи извршувањето на пресудата за предметот ОМО Илинден против Бугарија

Наум Локоски

Реакција на ОМО „Илинден“-ПИРИН за средбата Заев-Борисов во Софија

Ана Ололовска

Комитетот на министрите на СЕ и натаму ќе следи дали ОМО Илинден ќе биде регистрирано во Бугарија

Наум Локоски

Бугарија повеќе не го попречува слободното собирање на македонското малцинство

Емир Латифовиќ