ohrid

Нов земјотрес во Охрид со јачина од 3.1 степен

Нов земјотрес во Охрид со јачина од 3.1 степен

Нов земјотрес со јачина од 3.1 степени во 19.11 минути беше почувствуван во охридскиот регион. Епицентарот на земјотресот бил на 4 километри од Охрид и на седум километри од Косел. Ова е последниот од серијата земјотреси кои повеќе од месец и половина ги вознемируваат жителите на Охрид и Ресен.    

СДСМ Охрид: „Охридски Комуналец“ во ектот на сезоната останува без менаџмент

СДСМ Охрид: „Охридски Комуналец“ во ектот на сезоната останува без менаџмент

„Во екот на туристичката сезона, досегашната директорка на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, одлучи да замине во пензија, со што претпријатието останува без менаџмент во време кога тоа му е најпотребно. Со повлекувањето од функцијата Скрческа зад себе остави катастрофална состојба со одржувањето на хигиената во градот. Од друга страна, новиот в.д. директор на […]

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Охрид

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Охрид

Три лица од Охрид се товарат за виновни за инцидентот со смртни последици што вчера се случи на улицата „Будва“ во охридската населба „Радојца Новичиќ“. Станува збор за Н.С. (79), З.С. (45) и Д.С. ( 24) сите од Охрид, против кои полицијата поднесе кривични пријави за сторено казнено дело „убиство“. Според полициското соопштение, вчера попладнето […]

Приведени седум лица во тепачка на плажата „Горица 3“ во Охрид

Приведени седум лица во тепачка на плажата „Горица 3“ во Охрид

Седум лица се приведени откако денеска во 10:50 часот го нарушиле јавниот ред и мир на плажа во комплексот „Горица 3“. СВР Охрид соопшти дека пет од седумте лица се приведени откако им била укажана медицинска помош во Општата болница во Охрид. Физичката пресметка настанала меѓу две помали групи најверојатно поради нерешени меѓусебни недоразбирања по […]

Заев на средба со градоначалниците на Охрид и Струга

Заев на средба со градоначалниците на Охрид и Струга

Вратите на Владата на Република Македонија се отворени за сите општини и во прв план на актуелната Влада е интересот и решавањето на проблемите на граѓаните во сите општини, без разлика на тоа која политичка партија е на чело на локалната самоуправа, порача премиерот Зоран Заев на вчерашната средба со градоначалниците на Струга и Охрид, […]

Уште еден земјотрес почувствуван во охридско

Уште еден земјотрес почувствуван во охридско

Земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала попладнево во 16:03 часот повторно го потресе охридскиот регион. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал три километри западно од Охрид, на длабочина од два километри во земјината кора. Претходно тлото во охридско се тресеше уште двапати и тоа во 3:53 и во 9:22 часот […]

СДСМ Охрид: Нејасно е како ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток, туристичката сезона ја прогласи за пропадната

СДСМ Охрид: Нејасно е како ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток, туристичката сезона ја прогласи за пропадната

Од СДСМ Охрид со писмено соопштение реагираат на прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов. „Љубен Арнаудов прво треба да им одговори на граѓаните за неговата вмешаност во настаните од крвавиот 27-ми април кога беше посегнато по уставниот поредок и по животите на пратениците од мнозинството. Што се однесува на амандманите кои тие ги поднеле […]

Блажески: Природните непогоди не се место за политички популизам

Блажески: Природните непогоди не се место за политички популизам

Реакција на ОО ЛДП-Охрид за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кој ги отвори вратите на Собранието на крвавиот четврток кој излезе со став за нанесените штети од земјотресите врз туризмот. Еве што стои во реакцијата: „Насочувачот на насилниците низ Законодавниот дом нема никакво морално право да бара помош за охриѓани, ниту пак да зборува за нанесени штети […]

ВМРО-ДПМНЕ бара субвенционирање на станоиздавачите во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ бара субвенционирање на станоиздавачите во Охрид

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љубен Арнаудов денеска изјави дека пратениците од оваа партија од Охрид поднеле амандмани на ребалансот на Буџетот со кои бараат субвенционирање на штетите од земјотресите и субвенционирање на станоиздавачите. Арнаудов рече дека аманданите ги поднесуваат со цел да им се помогне на станоиздавачите кои трпат штети од недостигот на туристи поради зачестените […]

Полни контејнери и расфрлано ѓубре во Охрид во екот на туристичката сезона

Полни контејнери и расфрлано ѓубре во Охрид во екот на туристичката сезона

Иако во полн ек е туристичката сезона, односот на граѓаните и властите во Охрид кон градот и хигиената е на незавидно ниво. Од фотографиите сликани на улицата Јане Сандански може да се забележат полни контејнери и ѓубре фрлано околу нив.

Стружанец починал на гости во Охрид

Стружанец починал на гости во Охрид

Во куќа на улица „Гоце Делчев“ во Охрид синоќа во 22:30 часот починал Ќ.Ф (62) од струшкото село Лабуништа. Како што информира МВР, тој бил на гости кај Б.Б. (51) каде му се слошило и паднал на подот. Од страна на лекар од Медицинскиот центар-Охрид констатирана е смрт. Увид е извршен од страна на увидна […]