ОДИХР: Изборите спроведени ефективно, забелешки за измените во изборната регулатива и нееднаквиот третман во рекламирањето

Од:

Предвремените парламентарни избори на 15 јули генерално беа спроведени ефективно и покрај прилагодувањата како одговор на пандемијата со Ковид-19, но правната стабилност беше нарушена со суштински ревизии на Изборниот законик и последователна ад хок регулатива донесена за време на вонредната состојба, соопшти денес Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, која ги набљудуваше изборите.

„Кампањата, иако со негативен тон, беше вистински конкуретна и учесниците беа во можност да ги пренесат своите пораки и покрај ограничувањата на вообичаената комуникација. На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги
фаворизираа трите најголеми партии. Денот на изборите се одвиваше непречено и покрај техничките предизвици во објавувањето на резултатите и забелешките во врска со регистрацијата на гласачи,“ се вели во извештајот на ОДИХР за прелиминарните наоди од набљудувачкиот процес.

„Изборите беа спроведени според законска рамка која беше суштински измената пред самото нивно распишување, спротивно на меѓународните добри практики. Усвоенитеа амандмани на Изборниот законик во февруари 2020 година делумно адресираа некои препораки на ОДИХР за прашања како регистрација на гласачи, транспарентност при решавање на изборните спорови, роковите за поднесување извештаи за финансирањето на кампањата и надзор на кампањата.

Сепак, повеќето препораки на ОДИХР и понатаму се неадресирани, вклучително и оние што се однесуваат на uниверзалноста и еднаквоста на гласот во изборната единица во странство, ревизија на границите на изборните единици од страна на независно тело, правата на лицата со попреченост и ефективна ревизија на финансирањето на кампањата. Постојните недоследности, празнини и двосмислени формулации ја нарушуваат правната сигурност и бараат значителна
дополнителна ревизија,“ велат од ОДИХР.

„Законската рамка за финансирањето на кампањата налага дополнителна хармонизација за да се елиминираат празнините и недоследностите. Контрадикторните одредби особено се однесуваат на дозволената вредност на донациите за кампањски цели на кампањските и партиските сметки, пријавувањето на непаричните донации и хармонизирањето на временските рамки за нивно пријавување, со цел извештаите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да ги рефлектираат наодите на ревизијата,“ се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Маричиќ гледа позитивно на извештајот од ЕК: Имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, не е нотирано назадување