ОБСЕ: 10 поранешни украински граничари заробени во Луганск

Од:

Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека проруските сепаратисти од Лугнаск заробиле 10 порашени припадници на украинската погранична служба.

Како што јави агенцијата Укринформ, жителка на градот Свердловск, кој се наоѓа на 61 километар југоисточно од Луганск, ги информирала претставниците на Мисијата на ОБСЕ дека припадници на сепаратистичките сили на 7 март го уапсиле нејзиниот син, кој бил поранешен војник на Украинската погранична служба.

Извори во редовите на сепаратисите за ОБСЕ потврдиле дека нивните сили држат 10 поранешни укараински граничари, кои се под истрага, но засега против нив не се покренати никакви обвиненија.

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев