„Нобeл енерџи“ во јуни почнува нови истражувања во Кипар

Од:

Американската компанија „Нобел енерџи“ во јуни почнува нови сондажи за да ги потврди своите откритија од пред две години за природен гас крај брегот на Кипар.

Сондажите ќе траат три месеца, соопштува весникот „Филелефтерос“.

Посочената компанија на крајот на 2011 година беше избрана од владата во Никозија да бара гас во економската зона на Кипар.

На средбата со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис директорот на компанијата Чарлс Дејвидсон потврди дека компанијата презема обврска уште од јуни да почне со нови сондажи за да ја утврди точната големина и надежноста на  откриеното гасно наоѓалиште (блок 12), во југоисточниот дел на кипарската економска зона.

Блокот е во близина на огромно израелско гасно наоѓалиште.

Портпаролот на кипарската влада Христос Стилианидис изјави дека на средбата претседателот бил распрашуван и за прашањата за изградба на гасен терминал на островот и за учеството на „Нобел енерџи“ и други компании во најнадежното наоѓалиште, што се наоѓа во кипарската економска зона.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар