Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Од:

Силното невреме кое ја погоди Словенија патува низ целиот Балкан, а доаѓа и во Македонија.

По Словенија предупредувања и црвен метео аларм и во Хрватска и Србија. Прво ќе биде погоден Јадранот, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соседна Србија.

Во Македонија се очекува од утре попладне па се до вечерните часови студен фронт од север кој ќе предизвика силно невреме.

Буквално целиот регион ќе биде погоден од ова силно невреме, повторно постои опасност од појава на торнадо, па и од суперќелиско невреме кое би можело да направи многу штети, предупредуваат балканските метереолози.

Локално исто така постои опасност од појава на поројни поплави и лизгање на земјиштето.

Во поголем дел од Македоија се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и појава на град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в сабота ќе биде многу топло и ќе дува засилен јужен ветер.

Под влијание на атмосферски фронт в сабота во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На некои места можно е невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен за шест часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец, а температурите позначително ќе се намалат.

Метеоролозите овој бран на невреме го нарекоа “Убиец на летото”

Во целиот регион се очекуваат интензивни врнежи од дожд, поројни поплави, силни грмежи, бурен ветер, како и појава на град, кој локално би можел да биде и крупен.

„ Невреме со суперќелии е нешто ново што ни се случи. Сега имаме упад на студен воздух кој најмногу доаѓа на крајот на август и почетокот на септември. Се формира силен циклон. Дождот и грмежите веќе почнаа во Словенија, а бурните, грмежи облаци ќе дојдат во Србија утре околу 14 часот. “, изјави метереологот Ристиќ за српските медиуми

Цела Србија ќе биде под тој олуен облак и ќе врне многу дожд со бурен ветер, а ќе има и град. Не можеме да се заштитиме од градот. Противградни проектили нема да ни помогнат. Ќе наврнат околу 50 мм дожд, а граѓаните да се предупредат бидејќи кога количината ќе надмине 20 мм ќе има поројни поплави, па итната помош утре ќе има полни раце работа. Летото е во пауза и ќе имаме три до четири дена со максимална температура до 20 степени“ вели Ристиќ.

Инаку опасноста од поплави и од чести врнежи, како и од временски непогоди ќе ја има се до крајот на ова лето, но и во есенските месеци. Можни се нови Суперќелиски облаци и временски непогоди, предупредуваат метереолозите.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме