Недела на дизајн во Скопје

Од:

Под мотото „ментална хигиена“ денеска се отвора „Недела на дизајн во Скопје” (Skopje Design Week) и ќе трае до 1 декември.

– „Недела на дизајн во Скопје”, (Skopje Design Week) оваа година е под мотото ментална хигиена, алудирајќи на тоа дека негувањето на продуктивноста и иновативноста не треба да се случува само околу Неделата на дизајн, туку преку целата година. Skopje Design Week има амбициозна агенда да ги „зарази” сите да се грижат подобро за себе со тоа што во погон ќе ја стават својата ментална сила во насока на конструктивност и иновативност за големиот број на проблеми со кои се соочуваме секојдневно. Тоа е единствениот начин преку кој ќе се спротивставиме на сивилото, прозаичното и некреативното окружување. За оваа цел Skopje Design Week иницираше клуб за Ментална Хигиена кој на самиот почеток брои 20 членови од различни бранши, соопштија организаторите.

Тамара Георгиевска, менаџерка на Skopje Design Week посочи дека Клубот нема да заврши со затворањето на Skopje Design Week, туку ќе се зголемува во бројот на членови и активности со цел да ја задржиме менталната чистота во нашето општество.

– Од тие причини се охрабруваат граѓаните  да ја следат платформата www.ministryofpleasure.net да се приклучат што поскоро кон клубот на ментални хигиеничари, истакна Георгиевска. 

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска