МРТВ и БНТ ќе потпишат договор за бесплатно емитување на програмите во двете држави

Од:

Македонската радиотелевизија и Бугарската национална телевизија денеска во Охрид ќе потпишат договор со кој взаемно се согласуваат нивните програми да се емитуваат на териториите на двете држави.

Постигната е согласност и правото на реемитување на кабелските оператори да им биде отстапено бесплатно.

Договорите ќе ги потпишат генералните директори на МРТ, Марјан Цветковски и на БНТ, Вера Јанкова. Претставници на БНТ истоврмено ќе потпишат и први договори со десетина македонски кабелски реемитувачи со што сателитската програма на БНТ ќе биде ставена во нивната понуда.

Идентична процедура наскоро ќе биде реализирана и во Софија со дел од кабелските оператори во Бугарија што ќе го добијат правото на преземање на сателитската програма на Македонската телевизија.

Овој договор е резултат на првата неформална дебата на дваесетина афирмирани новинари и медиумски експерти од двете држави што во Скопје ја иницираше Македонско-Бугарската Стопанска Комора (МБСК). Во директната реализација на оваа идеја за јакнење на пријателските врски меѓу државите се вклучија и претседателите на советите за медиуми на Бугарија, Георги Лозанов и на Македонија, Зоран Трајчевски.

По потпишувањето на договорот меѓу БНТ и МРТ ќе продолжи дијалогот околу можностите за зеднички телевизиски проекти на бугарскиот и македонскиот јавен сервис.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски