МНР: 15 македонски државјани се најдоа во погодените места од невремето во Грција, сите се на безбедно

Од:

Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Атина и Генералниот конзул во Солун е во постојана комуникација со нашите државјани кои се најдоа затекнати во погодените места од невремето во Грција, односно во регионот Агиос Иоанис, на источната страна на Пелион во Магнезија, југоисточна Тесалија.

„Се работи за 15 нашите државјани, сите на безбедно и во добра состојба. Нашите дипломати се во контакт и со претставниците на локалната самоуправа каде се информираат за локациите каде се наоѓаат нашите државјани. Во Грција институциите информираат дека интензивно се работи на расчистување на патиштата; надлежните ги преземаат сите мерки за снабдување на регионите со храна и вода, а веќе е саниран и проблемот со снабдување со електрична енергија“, извести МНР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе