Млади Албанци преку фејсбук се организираат за нов протест во петок

Од:

На Фејсбук денеска се појави повик до Албанците, по молитвата во петок во Јахја пашината џамија на Бит пазар во 12:30 часот, да се продолжи со протест чија маршрута е до Владата и назад до џамијата.

Според организаторите, повод за тоа е тепањето на младите Албанци од минатиот петок, кое ескалираше со насилство од страна на хулигани од македонска националност низ главниот град.

Следниот ден, инцидентите продолжија со собир пред Владата од страна на групи претежно млади Албанци, чие дивеење продолжи низ Скопје.

Во инцидентите беа повредени граѓани, полицајци, имаше искршени и превртени автомобили, но и запален автобус на ЈСП.

Протестот кој ќе се одржи во петок засега не е пријавен во МВР.