Miss Kittin на мапата за светски забави викендов во Скопје

Од:

Француската диџејка Мис Китин ќе има свој перформанс на 7 мај, сабота во Младински културен центар.

Конечно по долги години во Скопје, забава продуцирана по највисоки светски стандарди, со врвен артист двигател на електронската сцена.

За сите заинтересирани билети се на продажба во кафе Излет, Кино Карпош http://mktickets.mk/miss-kittin и билетара МКЦ.мис китон

Caroline Hervé, или позната како Miss Kittin, е француска пејачка, диџејка и продуцентка која по завршените студии по уметност, реши да се занимава со диџејство и продуцирање на музика.

Се прослави со „Frank Sinatra“, заедно со продуцентот The Hacker, во 1998ма година. Од тогаш па наваму е врвен светски диџеј и зад себе има дури три албуми.

Со самото тоа, таа ги отвори ширум вратите за жените диџеи, нема ниту една предрасуда кога станува збор за безкомпромисен и моќен настап и една цела нова генерација е сега присутна на подиумите.

Задоволството е огромно да се слушаат нејзините музички сетови, составени од најдобра и најнова хаус продукција, хаус класики и андерграунд техно.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски