Мирка Велиновска до државните инстанци за името: Ви утврдија ли точка на топење?

Од:

Мирка Велиновска во последната колумна во Нова Македонија под наслов „Македонија не е видеоигра и не лета по пеперутки“, се сомнева дека истапот на МАНУ за името не е случаен и дека нешто се подготвува набрзина во врска со проблемот за името.

-Кога е во прашање МАНУ и неговото изјаснување за името, имам да го кажам следното: очигледно не се работи за самоиницијативно истрчување на креативен академички ум. Еднаш тоа го направи академик Катица Ќулафкова, која не гледаше проблем во името „славомакедонци“.

Вторпат тоа го направија академик Ефремов и академик Ристовски, кои во екот на фингерајката на НАТО и ОВК во 2001 година решија да ни понудат „размена на територии“ со завојуваната „страна“. Третиот ангажман тукушто се развива пред наши очи.

Со оглед дека досега никој не најде за потребно да го „расчлени“ и да му одговори на спонтаниот Камбовски, ова е моето јавно прашање до молчаливите државни инстанци – за што сакате да нѐ подготвите во пресрет на есенскиот НАТО-самит. Ви утврдија ли конечно точка на топење, па сега некоја нова „килибарна лисица“ ќе ни пуштите ова лето како подготовка за ново драматично, шокантно мување набрзинка, кое ќе заврши со колективен потпис на далекосежен документ веќе изготвен во Вашингтон и во Брисел? Само знајте, оваа денешна Македонија не е истата од пред 15 години. Како што не е и светот, па да не ви биде промашен есапот.

Оти оваа земја и нејзините жители не се видеоигра. И затоа сите прашања заслужуваат одговор!

Целата колумна можете да ја прочитате на следниот линк