Мидлтон по породувањето заминува кај родителите

Од:

Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон наводно по породувањето ќе помине шест недели во домот на своите родители

Војвотката од Кембриџ не планира да изнајми дадилка за детето. Наместо тоа, таа наводно им рекла на пријателите дека е вистинско време да добие помош од нејзините родители.

Мидлтон, како што пренесуваат медиумите, рекла дека се чувствува убаво во рамки на семејството и дека верува дека нејзината мајка е најдобрата личност која може да се погрижи околу нејзиното дете.
Неименувани извори тврдат дека мајката на Кејт Мидлтон, Керол, е воодушена што ќе биде баба и дека веќе започнала со реновирање на својот дом за да може нејзината ќерка и внука да се чувствуваат како дома.

Британските медиуми шпекулираат дека Кејт Мидлтон ќе се породи во приватниот дел на болницата Сент Мери во Падингтон, каде што е роден и принцот Вилијам.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска