Менингитис: 56.000 млади повикани да се вакцинираат во француските Оверњ-Рона-Алпи

Од:

Регионалната здравствена агенција на Оверњ-Рона-Алпи, апелира за масовна вакцинација на младите по дванаесет случаи на заболени од менингитис, меѓу кои и еден смртен случај, евидентирани од пред една година, јави дописникот на МИА.

По дванаесет случаи, меѓу кои и еден смртен, на инвазивна менингококна Б инфекција со нова варијанта идентификувана речиси од пред една година, Регионалната здравствена агенција (АРС) од Оверњ-Рона-Алпи повика 56.000 млади луѓе да се вакцинираат.

„Менингитисот е сериозна болест, која може да предизвика трајни последици, па дури и смрт“, објасни за француските медиуми д-р Ан-Софи Роно-Барон, раководител на регионалниот центар за следење на здравјето во AРС Оверњ-Рона-Алпи. Затоа испративме 56.000 писма до осигурениците на возраст од 16 до 24 години – населението кое е најчесто погодено од варијантата – и до родителите на бебињата на возраст од 0-2 години, како дел од масовната кампања за вакцинација“, рече Ан-Софи Роно-Барон, потврдувајќи ги информациите од локалните медиуми.

На крајот на јули, беа идентификувани две заразени лица, со што бројот на откриени случаи се искачи на дванаесет во четири департмани: Савоа (Шамбери и неговата околина), Аин, Рона и Изер. И покрај смртта на едно младо лице меѓу овие случаи, „до денес немаме посебни индикации дека оваа варијанта би била поопасна или позаразна“, рече докторот. Менингококната бактерија Б се пренесува со продолжен контакт со здрав носител на микроб. Се пренесува со кашлање и прскање. Инфекцијата предизвикува треска, главоболка со повраќање, вкочанет врат и може да се појават црвени или виолетови дамки (пурпура). Вакцинацијата против менингитис е вклучена во календарот за вакцинација з а 2022 година од април, а бројот на смртни случаи поврзани со менингококна инфекција од вкупниот број случаи на менингитис е околу 10%, според АРС.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден