„Маврово 2013“ од 15-ти до 17-ти февруари

Од:

Во организација на Ски Центар Маврово од 15-ти до 17-ти идниот месец ќе се оддржи традиционалниот 11. Аматерски хуманитарен велеслалом „Маврово 2013“.

Средствата собрани од натпреварот ќе бидат донирани во СОС Детско Село Македонија, а ќе се искористат за реализирање на приоритетни потреби, поставување сончеви колектори и обезбедување гас за затоплување на СОС Семејните куќи, набавка на лекови за болно дете од цистична фиброза, покривање на месечните животни трошоци (храна, средства за хигиена) за децата и младинците, купување уреди за домаќинствата…

Секоја екипа, учесник на Аматерскиот хуманитарен велеслалом, ќе има можност да постави свој банер на целната рамнина на која ќе се одвива трката. Екипите треба да пријавуват по три аматери скијачи, членови во машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории. Право на учество имаат и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2003/2004 година.

Во СОС Детско Село Македонија има 12 СОС Семејства каде моментно живеат 70 деца до 15 годишна возраст, а 14 младинци живеат во Младинска куќа во населбата Радишани. Преку своите програми, донатори, спонзори и пријатели, Детското село овозможува поддршка и на околу 350 деца во рамки на своите превентивни програми.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски