Масоните ќе градат универзитет во Белград

Од:

На годишното собрание на Обединетите големи ложи на Србија во Белград била донесена одлука да се изгради првиот масонски универзитет, пренесува весникот Новости.

„Се договоривме една од нашите мисии да биде основање на високонаучна институција на која професорите и предавачите ќе бидат српски масони и браќата од странство. За студентите че обезбедиме стипендии, а потоа и работа“, изјави Владимир Марковиќ, големиот мајстор на Обединетите големи ложи на Србија.

„Целта е да едуцираме слободни ѕидари, да го кренеме квалитетот на образование во Србија и да го спречиме одливот на мозоци во странство. Усвоивме и проект за изградба на целиот масонски комплекс во кој ќе го направиме и новиот храм и нашиот прв универзитет“, изјави Марковиќ.
Според него, суштината на масонеријата е кралската уметност на создавање, добрината и хуманоста. Вистинските масони се добри луѓе со манири, вели Марковиќ.

„За процесот на обединување на српските ложи во една добивме поддршка од ложите на Германија и Големата ложа на Австрија. Тие ќе бидат медијатори во процесот на спојување и обедивување на српската ложа“, рече Марковиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати