Марихуана и амфетамин пронајде полицијата кај стружанец

Од:

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 25-годишниот И.Н. од Струга, осомничен за извршени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на опојни дроги“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на 6. јули годинава, пријавениот отворајќи ја пред полициските инспектори предната хауба од неговото патничко моторно возило марка „БМВ“, исфрлил една најлонска ќеса со марихуана што претходно ја сокрил под хаубата на моторот до филтерот за воздух.

– Дополнително кај пријавениот  во чорапот од левата нога е пронајдено уште едно ќесе со помала количина марихуана, како и 12 помали пакувања со синтетичка дрога амфетамин. Пронајден е и еден кујнски нож сокриен во патничкото моторно возило, вели Димоски.

Настанот се случил во 20 часот и 20 минути на улицата „Владо Малески“ каде пријавениот пристигнал со негов пријател од Скопје. Тие имале средби со двајца наркозависници од Струга.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ