Маратон ќе се плива и на Велешко Езеро

Од:

Од наредниот месец ќе се плива маратон и во Велешкото езеро. Неколкумина ентузијасти одлучија силите и вештините во пливање да си ги одмерат на пливачка патека долга пет илјади метри, пренесува Канал 5 телевизија.

Вчера на езерото Младост се одржа пробен маратон, додека официјално маратонот ќе се одржи во втората половина на август во водите на Велешкото езеро. Иницијативаната ја поддрживаат и прославениот маратонски ас Дики Бојаџи, маратонците Тони Стефановски и Бошко Илиев.

Тимот од дваесеттина млади искусни пливачи го предводеше докторот во спортска медицина Бошко Илиев од Кавадарци, искусен маратонец со учество на триесетина маратони. На овој начин тие дадоа личен придонес во идејата „Младост“ да прерасне во туристичка атракција.

Според Илиев езерото има одлични услови за одржување на трка од ваков тип. Стартот на пробрната трка го означи Дики Бојаџи, кој маратонската патека ја оцени како одлична за помладите маратонци, бидејќи езерото не е многу пространо.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес