МАНУ и БАН ќе формираат меѓуакадемиска група за Договорот за добрососедство

Од:

Во рамките на редовната соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките, во посета на МАНУ, денес, престојуваше делегација на БАН, предводена од претседателот, акад. Јулијан Ревалски.

На средбата било потенцирано значењето на Договорот за пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија како силен поттик за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји и академии во науката, знаењата, културата, економијата, зближувањето на младите луѓе и други подрачја на создавање и прифаќање и примена на заеднички европски вредности.

„Искуствата од досегашната соработка меѓу двете академии, која претходеше и даде свој придонес во постигнувањето на Договорот за пријателство и соработка, ја засноваат увереноста дека само со таквиот пристап, својствен за науката, културата и уметноста се отвораат нови перспективи за Балканот како подрачје на мир, стабилност и развој. За таа цел, подготвени да им помогнат на своите влади во реализацијата на Договорот, двете академии ќе формираат меѓуакадемиска група, предводена од нивните претседатели, која треба да придонесе за конкретизирање на формите и содржините за соработка предвидени во Договорот“, соопшти МАНУ.

На средбата се допрецизирани заедничките научно-истражувачки и уметнички проекти врз кои ќе се работи во следните 3 години, договорени се апликации за научно-истражувачки проекти финансирани од европските структурни фондови и проекти што ќе се реализираат во рамките на трилатералната соработка МАНУ-БАН-САНУ.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска