Мандатарот Голоб во иднина ја гледа Словенија како економски напредна, солидарна и праведна држава

Од:

Мандатарот за состав на словенечка влада Роберт Голоб денеска изјави дека во иднина ја гледа Словенија како економски напредна, „солидарна и праведна држава“ која ќе се развива според западноевропскиот модел, обвинувајќи ја владата во заминување дека сака да го забави процесот.

Зборувајќи за програмата на неговата партија Движење за слобода и координираниот коалициски договор со Социјалдемократите (СД) и Левицата (Л), Голоб за Словенечката телевизија изјави дека пристапот што го зазеле во нивната економска и социјална програма доаѓа од напредните европски земји, а не од „социјализмот, Монголија или Северна Кореја“.

– Пристапот што го воведуваме е најнапредниот пристап на скандинавските земји и Западна Европа, а ние сме критикувани од оние кои немаат поим како изгледа модерната западноевропска економија, рече Голоб.

Тој ја обвини владата на Јанез Јанша, која наскоро заминува, дека сака да го запре процесот.

Голоб го критикуваше маневарот на премиерот во заминување, кој вчера привремено го блокираше усвојувањето на новиот владин закон во парламентот, кој ќе им овозможи на Голоб и коалициските партнери да ги забрзаат стратешките реформи со реорганизација на владините ресори.

Така, Голоб привремено (месец и половина или повеќе) ќе мора да ја води владата според стариот закон, без трите нови „министерства за иднината“ неопходни за трансформација и иницирање промени.

– Тоа се три нови министерства, министерства за иднината, а ние ги објавивме со нашата изборна програма. Министерството за климатски промени и зелена политика ќе биде ресорот кој ќе се справува со предизвиците на нашите деца и внуци. Мора да го имаме доколку сакаме да ги направиме вистинските чекори. Тука е и Министерството за меѓугенерациски дијалог, односно за солидарна иднина, рече Голоб и додаде дека тоа ќе се занимава со домување за млади и изградба на домови и установи за стари и изнемоштени лица.

– Третото министерство за иднината е министерството за високо образование, истражување и иновации и ќе се занимава со генерирање знаење, објасни Голоб.

– Кога ќе ги поврземе трите министерства, почнуваме да отвораме нови „зелени“ работни места, да создаваме солидарна и праведна држава. Тоа е суштината на нашата програма, потенцираше Голоб.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он