„Мама миа“ со спектакуларно шоу вечерва во 20 часот во МНТ

Од:

Најуспешниот светски мјузикл „Мама миа“ ќе има своја премиера пред македонската публика, вечерва со почеток во 20 часот во Македонски народен театар во Скопје во изведба на реномираниот белградски театар „Позориште на Теразијама“!

Поради големиот интерес предвидено е да има уште две изведби на 11 и на 12 март.

„Мама Миа!“ е светски најгледаниот мјузикл кој секаде ширум светот е распродаден со месеци однапред, додека пак неговите изведби од страна на единствениот специјализиран музички театар во регионов, „Позориште на Теразијама“, редовно и без исклучок се проследени со бурни овации од публиката ширум регионот која на нозе и со восхит го дочекува спектакуларното шоу.

Станува збор за спектакуларно тричасовно шоу во исклучително квалитетна изведба на веќе високо признатиот театарски ансамбл кој со прикажаниот професионализам, неверојатна енергија, ентузијазам и посветеност се надминува себеси токму во оваа претстава.

Мјузиклот „Мама Миа!“ е еден од најпознатите наслови на џубокс-мјузикл жанрот, на кој сите нумери се најголемите хитови на шведската група „АББА“, а од светската премиера во Лондон, овој мјузикл досега е изведуван во 40 земји, го погледнале 50 милиони луѓе, а доживеа и успешна екранизација.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска