Мали акционери: Макпетрол го потврди тоа што го кажавме

Од:

„Во врска со соопштението испратено од Макпетрол АД Скопје како реакција на нашата прес-конференција, би сакале да го изјавиме следново:

Со својот став, изнесен во соопштението, менаџментот на АД Макпетрол само го потврдува она што го кажавме со докази и не демантира ниту едно од нашите обвинувања за мобингот кој беше вршен врз нас и за отказите кои нерегуларно ни беа делени само затоа што се осмеливме да му дадеме полномошно на адвокат да ги застапува нашите интереси на акционерските собранија.

Макпетрол само потврдува дека продолжува незаконски да ги узурпира правата на акционерите и да го погазува нивното достоинство и се иссмева со тврдењата дека „акционерите редовно и транспарентно се информирани за деловните резултати на Компанијата, финансиските и други показатели, и имаат увид во сите соодветни внатрешни ревизии, надворешни контроли и ревизорски извештаи“. Нам не ни е дозволено ниту да присуствуваме на собранијата кои траат по 10 минути и на кои секогаш се гласа „за“.

Ниту еден акционер не е „незначителен“ и има право да го изнесе своето мислење. Ние сме сите луѓе со име и презиме, и не сме „незачителни“ или бројка со која менаџментот сака да манипулира.

Се вели дека „на акционерите секогаш им стои можност да се обратат за дополнителни информации, или своите забелешки да ги достават до Собранието на акционери“. Иронично, затоа што кога ние доставивме забелешки, почнавме да прашуваме зошто има загуби при огромни профити и немаме дивиденда. Поточно, во јуни 2013 година, на Собранието на акционери, истапивме против одобрувањето на голема зделка меѓу Макпетрол и Оилко, со која складови и земјиште во сопственост на Макпетрол му се продаваат по нереално ниска цена на Оилко. Се обидовме да го спречиме ваквиот пренос на активи и како резултат на тоа добивме откази после 30 години работа.Веруваме дека истите притисоци и манипулации ги трпат и оние што останаа во Макпетрол.

А за крај, најиронична е изјавата дека „Макпетрол АД ќе продолжи со инвестиции ….. со што сме убедени дека долготрајниот успех и иднината на компанијата ќе бидат обезбедени“.

Каква иднина кога со години фиктивно се трупаат загуби, а Оилко прави милионски профити, кога Макпетрол е пред банкрот и се отпуштаат луѓе за најмал отпор на одлуките на менаџментот.

Ние и понатаму ќе продолжиме да се бориме за нашите права како акционери и повторно ги охрабруваме сите други акционери да му се спротивстават на самоволието на менаџментот, бидејќи ние сме сопствениците, а директорите се менуваат и сакаме одговорност за оние кои ни нанесоа штета.

Личните навреди и дисквалификации нема да не заплашат повеќе, бидејќи ние го поминавме тоа и плативме лична цена, со нашето здравје, кога се обидовме да ја одбраниме нашата компанија од уништување.

Затоа се надеваме дека институциите на системот ова јавно соопштение ќе го земат предвид како доказ за притисок и манипулација врз акционерите“, се вели во реакцијата на групата мали акционери на соопштението на Макпетрол.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство