„Мал битолски Монмартр“ донира иконостас за црквата „Св. Константин и Елена“ во Битола

Од:

Детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ донира иконостас за црквата „Св. Константин и Елена“ во Битола, дело на младите и талентирани ученици и мајстори од теолошкото православно училиште „Манастиреа Неамт“ од Романија.

Раководителот на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола Коста Хаџиантоновски, организатор и домаќин на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ посочи дека теолошкото училиште од Романија иконостасот го испратило во Битола, а со цел да биде видлив за поголем дел од јавноста истиот ќе биде поставен во црквата „Св. Константин и Елена“ во овој град.

– Иконостасот е врвно уметничко дело кое сега се наоѓа во галеријата на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола, но ние одлучивме иконостасот да го донираме во црквата „Св.Константин и Елена“ и истиот ќе биде осветен на 3 јуни. Иконостасот што го изработија учениците од теолошкото православно училиште од Манастиреа Неамт е долг 3 метри а висок 2,5 метри, изработен од специјално дрво и со златна боја, истакна Хаџиантоновски.

Теолошкото православно училиште Манастиреа Неамт од Романија е редовен учесник на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“, во 2012 година нивните претставници ја добија наградата „Гран при“, а за годинешната колонија испратија 24 нови икони.

– Ќе ги донираме и иконите, и тие ќе бидат доделени на заштитни и здравствени установи за деца во Република Македонија. Меѓу повеќето икони е и иконата „Сите македонски манастири“ која ќе ја чуваме се додека не донесеме одлука на кое најсоодветно место или институција треба да биде донирана затоа што вонеа е вложено врвно мајсторство и е со голема вредност, најави Хаџиантоновски.

По повод големиот христијански празник Велигден, детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ отвори и изложба со икони на тема „Страдањата Исусови“ која е поместена во старата битолска чаршија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ