Макаби го оптушти Американецот Вимс

Од:

Повеќекратниот шампион на Израел во кошарка, Макаби го отпушти својот играч Сони Вимс.

Имено, пред неколку дена Американецот одби да му биде извршен допинг тест и пропушти тренинг. Вимс демантираше дека одбил допинг тест, но сепак следуваше реакција на клубот.

Оваа сезона Вимс стигна во Макаби од НБА лигата, а во Евролигата имаше просек од 11,6 поени по натпревар.

Вимс на драфтот 2008 година беше избран од Чикаго Булс, а веднаш пратен во Денвер. Во НБА лигата има настапувано и за Феникс и за Филаделфија.

Во Европа го носеше дресот и на екипите на Жалгирис и ЦСКА Москва, а во 2014 година беше избран и во најдобрата петорка на Евролигата.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ